Синоќа, Музејот на уметност на Лос Анџелес (LACMA) беше домаќин на гала-вечер посветена на артистката Џуди Бака и режисерот Дејвид Финчер, организирана во соработка со Гучи.
На најновото издание на свеченоста присуствуваа многу холивудски личности, меѓу кои и Џенифер Лопез и Бен Афлек.
54-годишната актерка и 51-годишниот актер изгледаа среќно и заљубено додека си разменуваа погледи пред насобраните фоторепортери.
И двајцата носеа креации од Гучи.













