Кирк Даглас замина во легендите. Холивудскиот актер издиша за последен пат на

Тажната вест ја соопшти неговиот син Мајкл Даглас преку порака. Прочитајте ја:
Со огромна тага јас и моите браќа објавуваме дека Кирк Даглас нè напушти денес на 103-годишна возраст. За светот, тој беше легенда, актер од златната ера на филмовите кој живееше добро во своите златни години, хуманитарец чија посветеност за правдата и каузите во кои веруваше постави стандарди за нас кон кои треба да се стремиме.
Но, за мене и моите браќа Џоел и Питер тој беше само Тато, за Кетрин беше прекрасен свекор, за неговите внуци и правнуци тој беше грижлив дедо, а за неговата сопруга Ана, прекрасен сопруг.
Кирк добро го живееше својот живот и остава наследство во филмот кое ќе опстојува за наредните генерации и историја како реномиран филантроп кој работеше за да ѝ помогне на јавноста и да донесе мир на планетата. Дозволете ми да го завршам ова со зборовите кои му ги кажав на неговиот последен роденден и кои секогаш ќе останат вистинити. Тато, многу те сакам и горд сум што сум твој син.
Мајкл сподели и колаж од неколку семејни фотографии.



И Кетрин Зета-Џонс објави фотографија со порака за да се збогува со својот свекор.

Кариерата на филмската ѕвезда се протегаше низ долги 60 години. Даглас имаше добиено над 90 филмски улоги, меѓу кои во филмовите „Lust for Life“, „Spartacus“, „The Bad and the Beautiful“, „Champion“ и „I Walk Alone“.
Кирк трипати беше номиниран за Оскар за Најдобар актер, но успеа да се закити само со златна статуетка во 1996 година за Животно дело.
Покрај тоа што беше еден од најуспешните актери од златната ера на Холивуд, Кирк е и автор на десетина книги.
