Хоакин Феникс и Руни Мара станаа родители.
45-годишниот актер и 35-годишната актерка добија син, кој го доби името на покојниот брат на Хоакин, Ривер.

Среќната вест ја објави режисерот Виктор Косаковски во интервју за време на Филмскиот фестивал во Цирих непосредно по прикажувањето на филмот „Gunda“ во кој Хоакин е продуцент.
„Патем, тој само што доби бебе... Прекрасен син кој се вика Ривер“ – рече тој на прашање поставено за Хоакин.
Видео
Viktor Kossakovsky, Gunda: He just had a baby Boy who's Called River. ( about Joaquin) pic.twitter.com/WuUISnuTsZ
— Max California's Lover (@Paula_FlorV) September 27, 2020
Хоакин и Руни се во врска од 2016 година, а се верија во јули 2019 година. За бременоста на Руни се дозна во мај годинава, но парот никогаш не ја потврди веста.




Братот на Хоакин, Ривер Феникс, почина во октомври 1993 година, на 23-годишна возраст од предозирање со дрога.

