Хоакин Феникс и Руни Мара ќе станат родители. 45-годишниот актер и 35-годишната актерка го очекуваат првото дете.
Среќната вест ја потврдил анонимен извор за „Page Six“.

Според нивните информации, Руни веројатно е во шестиот месец од бременоста. Таа беше фотографирана од папараците минатата недела.

Хоакин и Руни се запознаа на снимањето на филмот „Her“, а започнаа да се состануваат во 2016 година. Нивната веридба беше потврдена во јули минатата година.

