Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Хит серијата „Волшебнички“ се враќа на ТВ екраните

Хит серијата „Волшебнички“ се враќа на ТВ екраните

Прекрасна вест за обожавателите на „Волшебнички“ (Charmed). Популарната серија, која во 90-тите години ја освојуваше публиката од малите екрани, ќе добие продолжение.

Волшебнички

Од 1998 до 2006 година без емитувани осум сезони од серијата, која ги следи трите сестри со натприродни моќи, а 11 години подоцна фановите ќе можат да уживаат во новите возбудливи магични авантури, но овојпат со нови актерки.

Сè уште не се знае дали Шенон Доерти (Пруденс), Алиса Милано (Фиби) и Холи Мари Коумс (Пајпер) ќе се појават во новите епизоди и не е откриено кои актерки ќе влезат во улогите на новите волшебнички кои ќе се борат со злото.

„Во однос на тоа дали оригиналните ликови или актерки ќе се појават во серијата, ќе видеме што ќе се случува како што ќе се развива серијата. Тоа дополнително треба да се утврди“ – изјавил претседателот на „The CW“, телевизијата која ќе го реализира продолжението.

Волшебнички Волшебнички Волшебнички Волшебнички Волшебнички Волшебнички Волшебнички Волшебнички Волшебнички

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11343 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.