Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Хилари Даф со фотографија на која го покажува целулитот и кратка порака им возврати на оние кои го критикуваа нејзиното тело

Хилари Даф со фотографија на која го покажува целулитот и кратка порака им возврати на оние кои го критикуваа нејзиното тело

Хилари Даф моментално ужива на Хаваи заедно со синчето Лука. Фотографиите од нивниот одмор на тропските плажи се распространија на интернет, а меѓу многуте коментари имаше и критики за нејзината форма и целулитот.

Популарната актерка преку Instagram им испрати порака на „критичарите“ за тоа дека не е совршена и дека се гордее со своето тело.

A post shared by Hilary Duff (@hilaryduff) on

Го постирам ова во име на млади девојки, жени и мајки од сите возрасти. Уживам во одморот со мојот син по долга сезона на снимање серија, поради што понекогаш не се гледавме со него и по неколку недели.

Веб-сајтовите и списанијата обожаваат да ги споделуваат „мааните на славните“ - јас ги имам! Моето тело ми го има дадено најдобриот подарок во животот: Лука, пред 5 години.

Во септември ќе наполнам 30 години и моето тело е здраво и ме носи онаму каде што треба да одам.

Дами, ајде да бидеме горди на она што го имаме и да престанеме да трошиме скапоцено време од денот посакувајќи да сме поинакви, подобри и без несовршености.

29-годишната ѕвезда го заврши постот со #kissmyass (бакнете ми го задникот).

Пред неколку месеци, Хилари отворено зборуваше за прифаќањето на телото: „Не си ги сакав нозете, но ги прифатив. Научив да се сакам и славам себеси, таква каква што сум. Започнав да сфаќам дека нозете ми се СИЛНИ и ме носат секој ден. Секој. Ден. Нашите тела се неверојатни и се нешто за кое треба да сме благодарни. Јас сум ЈАС и тоа е доволно!“

Хилари Даф Хилари Даф Хилари Даф Хилари Даф Хилари Даф Хилари Даф Хилари Даф Хилари Даф

A post shared by Hilary Duff (@hilaryduff) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27023 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.