Семејството на Хилари Даф повторно ќе се прошири. Славната актерка со забавна фотографија ја откри слатката вест дека е бремена со четвртото дете.
36-годишната холивудска ѕвезда позираше со пораснатото трудничко стомаче покрај сопругот Метју Кома и трите деца. „Изненадување, изненадување“ – напиша Даф.

Ќерките Меј и Бенкс се нејзини деца со Метју, додека синот Лука таа го има од бракот со бившиот Мајк Комри.



По објавувањето на веста за бременоста, Хилари беше фотографирана низ улиците на Лос Анџелес.


