Хилари Даф го донесе на овој свет своето трето дете. 33-годишната актерка роди девојче кое го доби името Меј Џејмс Блер.
Како и за второто детенце, па така и сега, Даф се породуваше во базен со вода. Таа објави црно-бела фотографија по породувањето во домашни услови.
На неа, Хилари го држи бебенцето во рацете, додека покрај неа стојат нејзиниот сопруг Метју Кома, ќеркичката Бенкс Вајолет и синчето Лука Круз.


Даф и Метју се заедно од јануари 2017 година, а се венчаа во декември 2019 година. Меј и Бенкс се нивни заеднички деца, додека 9-годишниот Лука е дете на Хилари од бракот со хокеарот Мајк Комри.

