Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Фустани со џебови: Македонска ревија за женскиот стремеж кон финансиска слобода

Фустани со џебови: Македонска ревија за женскиот стремеж кон финансиска слобода

Џеб – навидум банален моден елемент, кој таи моќна симболика. Тоа не е само простор за складирање (не)важни ситни предмети, туку и симбол на независност и финансиска слобода.

Токму џебовите беа централната фигура околу која гравитираше несекојдневниот моден настан „Фустани со џебови“ којшто под диригентство на Халкбанк се одржа во DoubleTree by Hilton во Скопје. Самостојноста на жените беше возвишена на уникатен начин преку македонска мода.

Дизајнерките Јована Филиповиќ, Моника Коцарева, Аида Зекир (М Couture), Татјана Кокев и креаторот Марјан Бебекоски презентираа свои оригинални фустани со џебови, кои беа ставени на аукција.

Фустани со џебови Фустани со џебови Фустани со џебови Фустани со џебови

Освен активистички, специјалниот настан имаше и хуманитарен карактер. Благодарение на големите срца на гостите, беа собрани 155.000 денари, а сите средства ќе бидат донирани за жени од ранливи социјални категории.

Ревијата на одреден начин „воскресна“ повеќевековна дискусија. Идејата жените да имаат практични џебови постепено исчезнувала и се обновувала низ историјата. Нашите претходнички го изразувале незадоволството од отсуството на џебови, поврзувајќи го со спрегите на патријархалните убедувања и сексизмот.

Имено, доминантно било размислувањето зошто ѝ е на жената џеб кога мажот ги носи сите пари. Имало децении кога општествата не прифаќале со одушевување ниту придодадени џебови под волуменозните фустани поради страв жената да не крие нешто. Потоа, со преминувањето кон потесна и потесна облека, џебовите повторно се смалувале или исчезнувале.

По Втората светска војна, дури и големиот Кристијан Диор застанал на страната против женските џебови со фамозната изјава: „Мажите имаат џебови за да чуваат предмети, жените за декорација“.

Феноменот со џебовите има патријархална позадина
Јована Филиповиќ

„Секако дека овој феномен има патријархална позадина, затоа што жените во минатото не се очекувало да работат, немало потреба да носат алат, немало потреба да носат какви било документи. Тие биле поубавата половина на мажот и нивната задача била да се дружат со пријателките или да го одржуваат домот, така што не им требало да имаат џебови“ – вели Јована Филиповиќ.

Ние жените и ден-денес најчесто сме лишени од комоцијата да имаме функционални џебови, иако тоа е стандард во машката мода. Кога ќе ни се допадне одредено парче облека, принудени сме да провериме дали воопшто има џебови, дали се доволно длабоки, а ако ги има и се затворени со шев, тогаш ни се активира скептицизмот, бидејќи не сме сигурни дали со отшивањето ќе го добиеме она вистинското или само бескорисна имитација.

Сè погласни се припадничките на женскиот пол кои бараат промена на ова поле. Не само поради комфорот и практичноста, туку и како еден вид на порака дека сме достигнале или се стремиме кон финансиска слобода.

Во тој контекст е актуелен новиот „Пакет за жени“ на Халкбанк за жени претприемачки со многу поволности, меѓу кои и кредити со износ до 30.000 евра со фиксна годишна каматна стапка до 12 месеци и варијабилна годишна каматна стапка за кредити над 12 месеци; водење на сметка без месечен трошок; издавање на деловна дебитна платежна картичка - Master business card без надоместок и многу повеќе, за што можете да се информирате тука.

Фустани со џебови

Џебовите се можеби симбол, но за реална финансиска самостојност, потребни се конкретни чекори. Направете го првиот веднаш!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25627 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.