Нова радост во семејството на Владимир Крстевски – Франц. Поранешниот член на групата Нокаут го доби своето второ дете.
На Франц и неговата сопруга Ема им се роди уште една ќеркичка, која го доби името Мона. Среќните родители споделија и фотографија од новороденчето.
„На 31 јули 2020 се роди нашата втора ќерка Мона Франц Крстевски. Ти посакуваме добредојде на овој свет и ти посакуваме да те сака животот колку што те сакаме ние“ – напиша тој.

Франц и Ема се родители и на едногодишната Мелоди.
