Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Фотографии од готската свадба на Аврил Лавињ

Фотографии од готската свадба на Аврил Лавињ

Црна венчаница, црн бидермаер, црна свадбена торта... на венчавката на Аврил Лавињ и Чед Кругер отсуствуваше традиционалната свадбена бела боја.

Свадбата на Аврил Лавињ и Чед Кругер

Свадбената церемонија во готски стил се одржа во замок во близина на Кан, Франција. 28-годишната невеста го изговори судбоносното „Да“ облечена во црн невестински фустан од Моник Лулие додека во рацете држеше букет од црни рози.

Свадбата на Аврил Лавињ и Чед Кругер Свадбата на Аврил Лавињ и Чед Кругер Свадбата на Аврил Лавињ и Чед Кругер

Просторијата во која Аврил и фронтменот на Nickelback се заколнале на вечна љубов била декорирана со црвени рози и запалени свеќи.

Свадбата на Аврил Лавињ и Чед Кругер Свадбата на Аврил Лавињ и Чед Кругер

„Пред да зачекорам кон олтарот морав неколкупати да вдишам длабоко бидејќи срцето ми чукаше силно. Беше многу интензивно. Телото ми беше завладеано од емоции. Го здогледав него, а тој беше многу смирен и среќен. Му течеше солза која веднаш ја избриша. Се чувствував многу добро додека чекорев кон него. Тоа предизвика да се почувствувам како комплетна жена“ – изјавила Аврил за списанието Hello!.

За првиот танц, младенците ја избрале баладата „If I Said That I Loved You“, која ја компонирале заедно. Дури и свадбената торта била црна и украсена со црни и црвени рози.

Свадбата на Аврил Лавињ и Чед Кругер Свадбата на Аврил Лавињ и Чед Кругер Свадбата на Аврил Лавињ и Чед Кругер

Аврил веќе има зад себе еден брак со гитаристот на Sum 41, Дерик Вибли, со кого се раздели во септември 2009 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11566 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.