Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Аврил Лавињ се вери, погледнете го прстенот

ФОТО: Аврил Лавињ се вери, погледнете го прстенот

Аврил Лавињ ги изненади своите обожаватели со вест дека го прифати предлогот за брак од нејзиното момче Чед Кругер. По само шестмесечна врска, бунтовната пејачка и фронтменот на Nickelback ја крунисаа својата љубов со веридба.

Аврил и ЧедАврил и Чед

„Тие се надополнуваат еден со друг и се многу среќни. Сè уште немаат одредено датум за венчавка. Уживаат во овој момент“ – изјавил близок на парот за „People“.

Чед ѝ предложил брак на Аврил со 14-каратен дијамантски прстен на 8 август.

14-каратниот дијамантски веренички прстен на Аврил

37-годишниот пејач се заљубил во 27-годишната пејачка додека работеле на нејзиниот петти студиски албум. „Знаев дека се заљубувам во неа. Тоа беше неверојатно моќно и нешто што никогаш нема да го заборавам“ – изјавил тој за „Hello!“ Канада.

Аврил веќе има зад себе еден брак и тоа со гитаристот на Sum 41, Дерик Вибли, со кого се раздели во септември 2009 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11587 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.