Аврил Лавињ и Чед Кругер се разведуваат по две години брачен живот. 30-годишната пејачка преку пост на Instagram ја објави веста за разделбата.
„Ние сме сè уште и засекогаш ќе бидеме најдобри пријатели... До целата наша фамилија, пријателите и обожавателите, искрено ви благодариме за поддршката“ - напиша Аврил во објавата на популарната социјална мрежа.
Аврил и Чед на нивната свадба
Славните музичари стапија во брак во јули 2013 година. Ова беше втор брак на Аврил која се разведе од Дерик Вибли во 2009 година.
