Интерактивно искуство со молекуларна гастрономија, сензуална музика, специјални изненадувања и откривање на новитет се на агендата на претстојната IQOS дружба, која гарантирано ќе ви ги стимулира сите сетила.
На 14 јуни (сабота), од 12 до 15 часот во East Gate Mall ве очекува Curious настан кој ќе го паметите по разбудени емоции и сетилни спомени.

Ќе зачекорите во еден микрокосмос во кој сè е прецизно селектирано со намера да ве оттргне од очигледното и да ве поведе онаму каде што сетилата престануваат да бидат само алатки за преживување, туку стануваат детектори и водилки за нови доживувања.
Во раката ќе ви се најде пијалак кој ќе изгледа како еликсир, дестилирана поезија во форма на коктел, а погледот ќе ви го мамат закуски кои ќе резултираат со неочекувана експлозија на текстури и ароми низ устата. Имено, кулинарските волшебници од Les Scientists пред очите на присутните ќе ја оживеат магијата на молекуларната гастрономија, па секој залак или голтка ќе бидат како разоткривање на мала тајна.

Воздухот ќе трепери од звуци на внимателно курирана музика, како уште едно парче од мозаикот за комплетно сензуално искуство.
Премиум подарокот – креирано вино – нема да ви биде само сувенир, туку ќе го продолжува доживувањето, бидејќи ќе го понесете со себе и ќе ви ги засилува сензациите, дури и откако ќе се изгаснат светлата.
Дополнително ќе освоите и статусни поени, односно секој што ќе го посети IQOS бутикот ќе добие 10 поени, што е симболичен, но вреден придонес кон вашиот статус и идни привилегии во рамките на IQOS CLUB.
Настанот е наменет за IQOS корисници и полнолетни потрошувачи кои се заинтересирани за светот на IQOS, сите оние што секогаш сакаат повеќе и копнеат да го почувствуваат првиот бран на она што допрва доаѓа.
Дали ќе бидете таму кога ќе биде откриено и нешто поинакво, но во добро познат стил? Не можеме да обелодениме повеќе детали, но веќе насетувате дека станува збор за нешто специјално, нели?
Промо текст: mk.iqos.com