Меланија Трамп не се плаши да експериментира со својот стил и редовно остава силен впечаток во своите модни комбинации.
За најновиот Конгресен пикник во Белата куќа, 55-годишната прва дама на САД избра стајлинг со бела кошула и цветни панталони од Долче и Габана, кои ретко која прва дама би ги носела.
Својот изглед, таа го зачини со елегантни розови салонки.









Претходно, Меланија го придружуваше претседателот Доналд на свеченост во Кенеди центарот. За оваа пригода, Меланија шармираше во црн фустан со златни детали и металик обувки.





