Јанко Пенафорт пристигна во Македонија.
Колумбиецот, кој ја обожава народната македонска музика, во центарот на Скопје ја испеа „Распукала Шар Планина“ заедно со двајца членови на неговиот бенд.
Иако нема потекло од нашата земја, Јанко ги шири нашите песни со цел, како што вели тој, „повеќе луѓе во светот да слушнат колку е прекрасна македонската музика“.
Јанко со својот бенд „VardarAndy“ настапи на концертот на Влатко Миладиноски и доби громогласен аплауз.