Почетна » Новости » Занимливости » „Има ли некој Кафетин?“: Кики мами насмевки со интересен момент во српското собрание со Ана Брнабиќ

„Има ли некој Кафетин?“: Кики мами насмевки со интересен момент во српското собрание со Ана Брнабиќ

Седниците на српското Собрание вообичаено се резервирани за сериозни расправи, точка по точка, амандман по амандман, понекогаш и со премногу драма. Но, еден момент со сигурност ќе влезе во неофицијалната златна архива на „најнеочекувани изјави на микрофон”, а сега кружи на социјалните мрежи откако го сподели Кики Мукаетова на Instagram стори.

Ана Брнабиќ, со видно уморно лице, најискрено праша: „Има ли некој Кафетин? Најдете еден“.

Ана Брнабиќ

Кратка тишина, па бран смеа низ салата. Многу од пратениците слатко се поднасмевнаа и се погледнаа со сочувство, бидејќи нема кој не се нашол во таква ситуација. А пратеникот Добрица Веселиновиќ веднаш ѝ излезе во пресрет: „Имам јас претседателке“.

Откако Кафетинот стигна во рацете на Бранабиќ, таа побрза да каже: „Е ова е соработка... Фала ви многу“, на што Веселиновиќ возврати со: „Нема фала за лек“.

Кафетин, кој е еден од најпрепознатливите брендови на Алкалоид, во српското собрание стана алатка за ретка соработка на власта и опозицијата. Можеби ова не беше политички значајно здружување, но сигурно беше многу човечна соработка.

Испаѓа дека малку насмевки и една таблета можат да направат чудо и да срушат тензија и во сериозни околности.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26472 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.