Најмалата ќерка на Џесика Симпсон наполни три години. 41-годишната актерка и пејачка ѝ приреди роденденска забава од соништата на слатката Бирди.
Виножита од разнобојни балони, Барби куќарка, прекрасни фустанчиња за малите гостинки... Прославата се одржа на отворено и беше инспирирана од омилената детска кукла Барби.
„Не можам да поверувам дека нашето девојче има 3 години. Ви благодарам на сите што ѝ ги исполнивте желбите уште пред да ги дувне свеќичките“ – напиша Симпсон.

























