Џенифер Лопез не прави пауза. Славната пејачка присуствуваше на музички настан во Њујорк каде беше придружувана од својот партнер Алекс Родригез.
48-годишната пејачка изгледаше фантастично во шик комбинезон од Зухаир Мурад покрај 42-годишниот поранешен спортист. Својот стилски избор, Џеј Ло го надополни со сандали од Џузепе Ѕаноти и чантичка Валентино.
На настанот присуствуваше и Џастин Тимберлејк.
Претходно, славниот пар беше виден кога го напушташе ресторанот „Casa Lever“ во Големото јаболко.