Џенифер Лопез беше гостинка на Меѓународниот филмски фестивал во Палм Спрингс. Славната актерка и пејачка беше придружувана од вереникот Алекс Родригез.
На црвениот тепих, 50-годишната ѕвезда пленеше во женствен стајлинг. Раскошниот цветен фустан, кој е со потпис на Ричард Квин, таа го искомбинира со розови салонки и чантичка.












На настанот, Лопез се закити со наградата „Spotlight Award“, за нејзината улога во филмот „Hustlers“.












За забавата, Џеј Ло се пресоблече во блескав комбинезон.

