На Џенифер Гарнер не ѝ пречи да се дружи со децата на Џенифер Лопез и покрај тоа што таа е во брак со нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек.
51-годишната актерка ја одведе ќерката на Џеј Ло, Еми, заедно со ќерка си Серафина во Дизниленд и имаа забавен „женски“ ден. Тие се возеа на ролеркостер во „најсреќното место на Земјата“.


15-годишната Еми и 14-годишната Серафина се зближија во 2021 година, откако нивните родители ја обновија врската од пред 20 години.






Неодамна, во интервју, Лопез изјави дека Гарнер е неверојатен кородител и дека одлично се согласуваат со Бен, а него го нарече најдобриот татко.
„Тој е неверојатен татко. Ми се насолзуваат очите кога го гледам. Тој искрено е најдобриот татко кој некогаш сум го видела. Многу е посветен и понекогаш ме учи како да разговарам со децата“ – рече таа.

Афлек и Гарнер беа во брак од 2005 до 2018 година. Претходно, тој беше во врска со Лопез од 2002 до 2004 година, а нивната романса ја обновија во април 2021 година.



Парот стапи во брак на 16 јули 2022 година.
