Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ќерката на Ким и Кание на 13 месеци стана модел

ФОТО: Ќерката на Ким и Кание на 13 месеци стана модел

Иако Ким Кардашијан и Кание Вест тврдеа дека сакаат Норт Вест да расте подалеку од светлината на медиумските рефлектори, уште на 13 месеци малото девојче стана модел.

Норт се најде на страниците на CR Fashion Book, списанието за стил на поранешната главна уредничка на „Вог“ Париз, Карин Ројтфелд.

Норт Вест

На фотографијата Норт носи брош и држи чанта од Шанел. Девојчето е најмладата ѕвезда во модната сторија „Легенди“. „Никогаш не е прерано за да се интересираш за модата“ е коментарот на дизајнерот Карл Лагерфелд.

Со оваа фотографија, уредниците на списанието алудираат дека Норт ја очекува светла иднина во модната индустрија.

Во изминативе денови Ким неколкупати беше фотографирана заедно со Норт.

Ким и Норт Ким и Норт Ким и Норт Ким и Норт Ким и Норт Ким и Норт Ким и Норт Ким и Норт

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11418 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.