Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО/ВИДЕО: Ким Кардашијан со Кание Вест и малата Норт за „Вог“

ФОТО/ВИДЕО: Ким Кардашијан со Кание Вест и малата Норт за „Вог“

„Вог“ стави крај на дискусиите за тоа дали некогаш уредничката Ана Винтур ќе дозволи Ким Кардашијан да се најде на насловната страница на модното списание.

Денес беше објавена корицата од априлското издание на модната библија на која позираат Ким и Кание. Фотосесијата за списанието е направена од врвната фотографка Ени Либовиц.

Ким и Кание

Покрај главната фотографија, објавено е и видео во кое 33-годишната ТВ ѕвезда од „Keeping up with the Kardashians“ и славниот рапер позираат и со својата мала ќерка Норт.

Белите креации кои ги носи Ким служат како мало потсетување дека парот наскоро ќе застане пред олтар.

Највозбудена од корицата секако беше Ким која сподели дека фотосесијата е остварување на нејзин сон.

Сепак, новоста за Ким не ги израдува верните читателки на „Вог“, кои веднаш започнаа да го изразуваат своето незадоволство на Facebook-страницата на списанието.

Норт Ким, Кание и Норт

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11415 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.