Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Првата фотографија од ќерката на Ким Кардашијан и Кание Вест

Првата фотографија од ќерката на Ким Кардашијан и Кание Вест

Кание Вест ја откри првата фотографија од својата ќерка Норт во шоуто на Крис Џенер, мајката на Ким Кардашијан.

На фотографијата направена од самиот рапер, Ким ја држи малата ќеркичка која ја испружува раката кон фотоапаратот.

Норт ВестНорт Вест

Норт Вест се роди на 15 јуни и оттогаш медиумите со милионски суми се обидуваа да ја откупат првата фотографија од малото девојче, но парот одлучи да му ја претстави на светот токму во шоуто на Крис.

Крис и КаниеКрис и Кание

Во интервјуто со Крис Џенер, Вест призна дека пред врската со Ким на моменти чувствувал дека нема за што да живее, но дека сега неговиот живот е исполнет со радост.

„Откако ја изгубив мајка ми, имаше времиња кога се чувствував како... знаете, си го ризикував животот. Понекогаш се чувствував како да немам за што да живеам, а сега имам две навистина специјални личности за коишто живеам... Таа е мојата радост и таа ја донесе на свет мојата нова радост“ – изјавил Вест.

Ким и Кание во РимКим и Кание во Рим

Погледнете делови од интервјуто:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11398 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.