Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Шарлиз Терон се врати во одлична форма откако значително се здебели за филмска улога

ФОТО: Шарлиз Терон се врати во одлична форма откако значително се здебели за филмска улога

Шарлиз Терон како камелеон се прилагодува на филмските улоги.

41-годишната актерка ја истакна својата витка фигура на премиерата на „Atomic Blonde“ откако драстично ја покачи својата тежина за нејзиниот претходен филмски проект.

Иако за филмот „Tully“ се здебели 15 килограми, таа веќе се врати во одлична форма.

Шарлиз Терон Шарлиз Терон

На прикажувањето на „Atomic Blonde“ во Берлин, Терон го истакна својот сексапил во бела комбинација од Диор.

Шарлиз Терон Шарлиз Терон Шарлиз Терон Шарлиз Терон Шарлиз Терон

Неодамна Шарлиз призна дека слабеењето во петтата деценија од животот не е толку лесно колку во младоста. „Беше брутално во секоја смисла. Овој пат навистина почувствував дека ми се одрази на здравјето. Шеќерот ме фрли во масивна депресија. Бев болна. Не можев да ја изгубам тежината. Му се јавив на докторот и му реков: Мислам дека умирам! И тој ми возврати: Не, ти имаш 41 година. Смири се“ – изјавила таа.

Шарлиз Терон Шарлиз Терон

Шармантната холивудска ѕвезда постојано покажува дека не се плаши од трансформации.

Во 2003 година таа ja зголеми својата тежина за 14 килограми за портретирањето на серискиот убиец Ајлин Вуорнос во филмот „Monster“ за што доби Оскар во категоријата Најдобра актерка.

ШарлизЛево: Шарлиз Терон во „Monster“ Десно: Ајлин Вуорнос Шарлиз Терон Шарлиз Терон

Во 2012 година, Терон си ја избричи главата за снимањето на „Mad Max: Fury Road“.

Шарлиз Терон Шарлиз Терон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10341 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.