Шарлиз Терон беше шик ѕвезда на Global Citizen Festival во Њујорк.
На концертот во Централ Парк, 48-годишната актерка се појави за да даде поддршка за борбата за глобалното здравје и репродуктивните права.
И покрај дождот, атрактивната Јужноафриканка сјаеше во модерно издание. Нејзиниот аутфит доаѓа од модната куќа Александар Меквин, а се состои од бело сако и кожено здолниште.












