Милош Биковиќ ги насочи објективите на фоторепортерите кон себе кога вчера пристигна на Филмскиот фестивал во Москва.
На големата манифестација, 33-годишниот српски актер се појави во елегантно одело во темносина нијанса. Биковиќ е член на жирито и изјави дека едвај чека да ги гледа филмовите.




Ѕвездата од „Јужен ветар“ позираше на црвениот тепих со неколку колеги од филмскиот свет.





