Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ријана, Шакира и Џенифер Лопез на iHeartRadio Music Awards 2014

ФОТО: Ријана, Шакира и Џенифер Лопез на iHeartRadio Music Awards 2014

Синоќа во Лос Анџелес се одржа доделувањето на првите музички награди на iHeartRadio. Ријана доминираше по бројот на освоени статуетки, а особено впечатлив беше и нејзиниот стил.

26-годишната музичка ѕвезда освои четири награди, меѓу кои и за Изведувач на годината и Песна на годината за баладата „Stay“. На манифестацијата Ријана се појави во проѕирна креација од високата мода на Живанши, а целосниот стајлинг го надополни со фризура инспирирана од 90-тите години и со нестандарден зелен кармин.

Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана

Џенифер Лопез ѝ ја додели на Ријана наградата за Изведувач на годината. 44-годишната актерка и пејачка се појави на свеченоста во краток фустан со бисерни декорации од Зухаир Мурад.

Ријана и Џеј Ло Ријана и Џеј Ло Џеј Ло Ријана и Џеј Ло Ријана и Џеј Ло

Шакира го збогати музичкиот дел на манифестацијата, изведувајќи ја песната „Empire“. Пред да блесне на сцената, таа зачекори на црвениот тепих во црно-бела креација со перфорации од Азедин Алаја.

Шакира Шакира

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9534 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.