Ријана доби улога во новиот филм „The Smurfs Movie“ кој ќе биде снимен од Paramount Animation.
Славната пејачка ќе ја глуми Штрумфета, а за да ја најави оваа вест, Ријана се појави на настанот CinemaCon во Лас Вегас.
35-годишната ѕвезда зачекори на сцената облечена во тексас од глава до пети. Модната комбинација е дел од колекцијата есен/зима 2024 на Y/Project.
Ријана откри и дека моментално е во последниот триместар од втората бременост.














