Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Првите фотографии од бремената Дру Баримор во невестинскиот фустан

ФОТО: Првите фотографии од бремената Дру Баримор во невестинскиот фустан

Дру Баримор навистина имаше за што да се смее на својот свадбен ден. 37-годишната актерка стапи во брак со својот сакан Вил Копелман, опкружена со блиски пријатели и роднини.

„Беше совршен ден. Сите што ги сакавме и за кои се грижиме беа таму“ – изјавила таа за People еден ден по свадбата.

Денес се појавија и првите фотографии на кои бремената Дру ја има најшироката насмевка. Облечена во венчаница на Шанел, дизајнирана лично од Карл Лагерфелд, среќната филмска ѕвезда блеска покажувајќи го своето стомаче.

Дру и ВилДру и Вил

Дру и Вил си го кажаа судбоносното „Да“ на 2 јуни. Свадбата на која присуствуваа 190 гости се одржа во дворот на Дру во Монтесито, Калифорнија. До олтарот Дру ја испратил таткото на Вил, Ари Копелман, бидејќи таткото на славната актерка почина во 2004 година. Првиот танц на младоженците бил на песната „No One's Gonna Love You“ од Band of Horses.

Дру Баримор

Меѓу гостите имало многу славни личности, како Камерон Дијаз, Рис Витерспун, Скарлет Јохансон, Стивен Спилберг и Бизи Филипс.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11617 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.