Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Дру Баримор се омажи по третпат

ФОТО: Дру Баримор се омажи по третпат

Дру Баримор му даде на бракот трета шанса. Бремената 37-годишната актерка стапи во брак со својот свршеник Вил Копелман. Свадбената церемонија се одржала вчера на имотот на познатата филмска ѕвезда во Монтесито, Калифорнија.

Невестата носела фустан на Шанел, што воопшто не е изненадување ако се земе во предвид фактот дека таткото на Вил е поранешен извршен директор на француската модна куќа.

Вил и ДруВил и Дру по свадбената прослава Вил и Дру Вил и Дру Вил и Дру

Според People, интимната церемонија била класична, едноставна и многу убава. Меѓу гостите биле и Камерон Дијаз, Џими Фелон и Рис Витерспун.

Свадбената церемонијаСвадбената церемонија Свадбената церемонија Свадбената церемонија

Дру, која е бремена со првото дете, досега двапати го има изговорено судбоносното „Да“, но овој пат е подготвена да започне посмирен живот и да стане посветена мајка. „Таа им кажува на луѓето дека најпосле е подготвена за потивок живот, повеќе ориентиран кон семејството“ – пишува People.

Вил ја побара раката на харизматичната актерка во декември минатата година. Тие беа во кратка врска во 2010 година, а по мала пауза ја продолжија врската во февруари 2011. Иако Дру сè уште официјално нема соопштено дека е бремена, таа изминатиов месец со гордост го покажуваше големото стомаче.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11609 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.