Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ги чувам таблетите заклучени“: Дру Баримор се отвори за правилата поврзани со технологијата во домот

„Ги чувам таблетите заклучени“: Дру Баримор се отвори за правилата поврзани со технологијата во домот

Дру Баримор отворено ги сподели правилата кои ги има поставено во нејзиниот дом.

Во интервју за „Better Homes & Gardens“, 48-годишната актерка откри дека се стреми времето пред екраните да биде време за целото семејство.

„Гледаме многу филмови и емисии заедно и не осудувам никого за екраните“ – рече таа.

„Но, кога се работи за моите деца, не сум голем фан на личната електроника, како iPad. За време на пандемијата, кога училиштата беа виртуелни, бевме принудени сите да бидеме на нашите одделни уреди и не ми се допаѓаше тоа. Сега, ги чувам iPad таблетите заклучени и ги вадам само за специјални прилики. Побрзо трите би гледале нешто заедно во мојот кревет“ – додаде Дру.

Дру Баримор Дру Баримор

Популарната актерка зборуваше и за правилата за уредување на нејзиниот дом и откри дека откако има деца не може да поднесе остри рабови на мебелот.

„Уште откако добив деца, не можат да поднесам остри рабови во мојот простор. На нив гледам како рабовите да можат да извадат нечие око. Дури и мојата кујна има заоблени рабови“ – рекла таа.

Дру Баримор Дру Баримор

Баримор е категорична дека домот го прават луѓето и вели:

„Имам тетоважа која вели: ‘Домот е онаму каде што сме ние’ и тоа е точно. Каде и да сум со моите девојчиња, се чувствувам како да сум дома. Дури и ако сме во ресторан, ги вадам нештата кои се во мојата чанта – мојот фотоапарат, мојата сложувалка, мојот балсам за усни, мојата книга, шпил карти – и веднаш сме дома“.

Дру Баримор

Дру во 2016 година официјално поднесе документи за развод од таткото на нејзините ќерки.

Дру Баримор Дру Баримор

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11621 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.