Владимир Крстевски – Франц ужива во секој момент поминат со своето семејство.
Поранешниот член на групата Нокаут се релаксираше со сопругата Ема и двете ќеркички на плажа во Флорида, а фотографиите објавени на социјалните мрежи мамат само слатки коментари.
На фотографиите, Ема се топи во прегратките на македонскиот музичар. „Златни моменти и ние“ – напиша таа во описот.



Франц со семејството моментално живее во Флорида. Тој стапи во брак со саканата Ема во 2014 година. Ќеркичката Мелоди ја добија во 2019 година, додека Мона се роди во 2020 година.


