Гордана Сиљановска-Давкова го отвори годинешното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“.
Во своето обраќање, 72-годишната македонска претседателка ја истакна вредноста на уметноста како сила што му дава смисла на човечкото постоење.
„Фестивалот ‘Охридско лето’ прераснува во препознатлива традиција, никната врз цврсти темели и доградувана преку уметнички мостови на обединување, будејќи го убавото, хуманото и културното!“
„Од двата брега на Охридското Езеро, инспирација црпеле првиот македонски романтичар, Константин Миладинов, но и првиот албански модернист, Лазгуш Порадеци. Шеесет и пет години ‘Охридско лето’ е нашето скапоцено уметничко огледало, престижен уметнички центар.“
„Да ги отвориме срцата, да и дозволиме на уметноста да не зароби и да не преобрази, да и се препуштиме на новата фестивалска идила, на јубилејбото 65. издание на фестивалот ‘Охридско лето’!“– истакна Сиљановска-Давкова.



На свечениот настан, Сиљановска-Давкова седеше покрај премиерот Христијан Мицкоски и неговата сопруга Рози, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај и неговата сопруга Арлинда, како и во близина на министерот Зоран Љутков и неговата сопруга Маја.










Фотографии: Facebook / Gordana Siljanovska Davkova, Hristijan Mickoski, Фестивал Охридско лето, Зоран Љутков