Верувале или не, Данијела Мартиновиќ го прослави својот 54-ти роденден.
За овој специјален ден, хрватската музичка дива блескаше во портокалова креација која одлично ја истакна нејзината витка фигура.
„Имам доволно капацитет на белите дробови за да изгаснам 54 свеќи одеднаш. Моите желби се исти: мир, отворено срце, многу љубов и љубезни луѓе“ – напиша Данијела.



Атрактивната пејачка сподели и лекции кои ги има научено низ годините:
„Научив дека нема мал момент, секој момент е бисер на огрлицата Живот“.
„Научив дека во љубовта, сочувството, грижата и нежноста се крие Моќ која може да помести цела Вселена.“
„Научив дека секое вдишување и издишување е нова прилика да бидам подобар човек.“
„Научив дека сè што ме опкружува, може нешто да ме научи.“

