Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Победниците на Hollywood Film Awards 2016

ФОТО: Победниците на Hollywood Film Awards 2016

Бројни ѕвезди од светот на филмот присуствуваа на синоќешната манифестација Hollywood Film Awards.

На свеченоста која се одржа во Беверли Хилс, Том Хенкс ја прими наградата Најдобар актер за филмот „Sully“, додека Натали Портман беше удостоена со наградата Најдобра актерка за улогата во „Jackie“.

Hollywood Film Awards Hollywood Film Awards

Во рацете на Хју Грант заврши наградата Најдобар актeр во споредна улога, а Никол Кидман беше прогласена за Најдобра актерка во споредна улога.

Hollywood Film Awards Hollywood Film Awards

Мел Гибсон со „Hacksaw Ridge“ ја освои наградата Најдобар режисер, а дизајнерот Том Форд со „Nocturnal Animals“ стигна до наградата Најдобар нов режисер.

Hollywood Film Awards Hollywood Film Awards

Леонардо Дикаприо и Фишер Стивенс победија во категоријата Најдобар документарен филм со „Before the Flood“.

Hollywood Film Awards

Zootopia беше прогласен за Најдобар анимиран филм.

Еди Марфи ја прими Наградата за постигнувања во кариерата.

Hollywood Film Awards

„The Jungle Book“ е Најдобар холивудски блокбастер, а „Can’t Stop the Feeling“ му ја донесе на Џастин Тимберлејк наградата Најдобра песна.

Целосната листа на наградени можете да ја погледнете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11565 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.