Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Парис Хилтон фатена на дело со режисерот на „The Hangover“

ФОТО: Парис Хилтон фатена на дело со режисерот на „The Hangover“

Парис Хилтон скршеното срце го лечи со бакнежите на Тод Филипс, режисерот на хит филмовите „The Hangover“. На 30-годишната старлета не ѝ беше потребен ниту цел месец пред да ја остави зад себе 18-месечната врска со Сај Вајтс и да побара негова замена.

Познатиот портал TMZ објави фотографија на која се гледа како Парис и Тод без воздржување разменуваат страсни бакнежи во хотелот Рузвелт во Холивуд.

Парис и ТодПарис и Тод

Иако гласините дека Парис и Тод се во врска неколку дена се вртат низ медиумите, сега има доказ што никој не може да го демантира.

Парис и ТодПо излегувањето, Тод ја однел Парис дома

Според најновите информации, ова не било само авантура за една ноќ, бидејќи наредниот ден (во петокот) Тод присуствувал на приватна забава организирана од Парис.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9477 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.