Пред да замине на мастерс-турнирот во Мадрид, Новак Ѓоковиќ ги „полнеше батериите“ на одмор со семејството во Марбела.
Слатката дружба на најдобриот српски тенисер, неговата сопруга Јелена и двете деца Стефан и Тара беше овековечена од неуморните папараци. На фотографиите, 31-годишниот спортист и неговата сакана играат и трчаат на плажа со 4-годишниот син Стефан, а подоцна ја држат за рака едногодишната Тара.










Ноле беше фотографиран и на пазар за органска храна.

Неодамна, Јелена сподели фотографија од прошетка со двете деца и двете кучиња.