Никол Шерцингер знае да се забавува. 34-годишната пејачка заедно со актерката Кристен Ритер ги покоруваше брановите во Мексико.



„Го имав најдобриот ден, сурфајќи со моите девојки во Кабо!“ – напиша Никол на Twitter наредниот ден.



Никол освен што покажа дека одлично се справува со даската за сурфање, уште еднаш го покажа своето витко тело. Облечена во црно-бели бикини, таа позираше на плажата во Кабо Сан Лукас.



Убавата бринета пред неколку дена го прослави 34-тиот роденден со своето момче Луис Хамилтон. Пред неколку месеци познатиот пар за краток период се раздели, но успеа да ги надмине проблемите во врската.