Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Модата на Kids’ Choice Awards

ФОТО: Модата на Kids’ Choice Awards

За време на викендот се одржа 24-тото по ред доделување на Kids’ Choice наградите. По тој повод, познатите холивудски ѕвезди прошетаа по портокаловиот тепих и покажаа малку полежерна мода.

Ким КардашијанКим Кардашијан Кортни КардашијанКортни Кардашијан
Хајди КлумХајди Клум Мајли СајрусМајли Сајрус
Пикси ЛотПикси Лот Селена ГомезСелена Гомез
Парис ХилтонПарис Хилтон Софија ВергараСофија Вергара
Тејлор МомсенТејлор Момсен Вилоу и Џејден СмитВилоу и Џејден Смит

Портокаловите цепелини отидоа во рацете на некои од најпознатите актери и актерки, пејачи и пејачки.

Џастин Бибер ја доби наградата за Најдобар пејач, а неговата „Baby“ беше прогласена за Најдобра песна. Кети Пери беше удостоена со наградата за Најдобра пејачка, а Black Eyed Peas добија награда за Најдобра музичка група.

Џони Деп освои награда за Најдобар актер и го искористи појавувањето на сцена за да ја испрска публиката со зелена кал, којашто е заштитен знак на оваа манифестација.

Освен публиката, зелена кал врз глава доби и Хајди Клум, а и сопругот на Ферги, Џош Духамел.

Мајли Сајрус беше прогласена за Најдобра актерка, Селена Гомез за Најдобра актерка од телевизиските екрани, а „The Karate Kid“ за Најдобар филм. Џастин Тимберлејк доби специјална награда за неговата хуманитарна дејност.

Џони ДепЏони Деп ја прска публиката со зелена кал Хајди Клум и Ник КанонХајди Клум беше потурена на сцената со зелена кал Хајди Клум и Ник КанонНик Канон ѝ се смее на Хајди Џастин ТимберлејкЏастин Тимберлејк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.