Миранда Кер позираше за Vogue во родната Австралија. Синоокиот ангел на Victoria’s Secret сними едиторијал за априлското издание на познатото модно списание.

29-годишната сопруга на Орландо Блум застана пред објективот на Мигел Ревериего во креации на модни куќи како Гучи, Прада, Ланвин и Барбери, кои го истакнаа нејзиниот сексапил.







