Меган Фокс беше фотографирана со трите синчиња на прошетка во Лос Анџелес.
32-годишната актерка беше „уловена“ во кежуал модна комбинација со шешир на главата. Фокс го држеше 2-годишниот Џурни додека 6-годишниот Ноа и 5-годишниот Боди чекореа покрај нив.








На почетокот од месецот, Меган и трите деца беа фотографирани од папараците на пазарување во Лос Анџелес.








Минатиот месец, Фокс побара од судот да ја прекине постапката за развод од Брајан Остин Грин, која таа ја започна во август 2015 година, пред да дознае дека е бремена со нивното трето заедничко дете.
Славните актери стапија во брак кон средината на 2010 година, на тајна церемонија на плажа.



