Марк Антони не го пропушти доделувањето на „Latin Grammy Awards“. На свеченоста, која синоќа се одржа во Лас Вегас, 54-годишниот пејач беше придружуван од двојно помладата вереница Надја Фереира.
23-годишната убавица блескаше во црвена креација со шлиц и накит од Bulgari.











На ова 23-то издание од церемонијата, Марк освои две награди: Најдобар салса албум за „Pa’llá Voy“ и Најдобра тропска песна за „Mala“. Тој беше номиниран во уште две категории.
Антони одржа говор и ѝ се заблагодари на Надја за поддршката.„Ти благодарам што ме направи најсреќниот човек“ – ѝ рече.

Марк и Надја се верија во мај оваа година.
