Годините не ѝ можат ништо на Мел Си.
51-годишната пејачка, која во минатото беше дел од женската група Spice Girls, беше фотографирана со саканиот и пријателите на Ибица.
Мелани, која доби бројни комплименти за својот фит изглед, си разменуваше бакнежи и нежности со својот дечко Крис Дингвал пред да им се придружи на пријателите во лудориите на вода.








Мел Си им беше позната на милионите фанови на Spice Girls како „Sporty Spice“ и отсекогаш негуваше спортски имиџ.
Не е познато колку долго време се состануваат Мелани и Крис, но јавноста дозна за нивната врска во јуни 2024 година.













