Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Македонски славни личности на црвениот тепих на премиерата на филмот „Врба“ на Манчевски кој наиде на гласни аплаузи

ФОТО: Македонски славни личности на црвениот тепих на премиерата на филмот „Врба“ на Манчевски кој наиде на гласни аплаузи

Во Македонската филхармонија синоќа се одржа премиерата на филмот „Врба“, кој заслужено добива позитивни рецензии низ целиот свет.

По успешната светска премиера на Филмскиот фестивал во Рим, и македонската публика реагираше со големо одушевување и гласни аплаузи на најновото дело на Милчо Манчевски.

На црвениот тепих и коктелот по премиерата се појавија самиот режисер и филмската екипа, како и повеќе јавни личности од нашата држава, меѓу кои и претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета, актерката Јелена Јованова со сопругот Стјепан Периќ, манекенката и актерка Катарина Ивановска со вереникот Цобе, обвинителката Фатиме Фетаи и поранешната манекенка Надица Георгиева со сопругот Иво Јанковски.

Премиера на Врба
Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба Премиера на Врба

„Врба“ испреплетува три приказни за љубов и доверба – едната од македонското средновековие, другите современи - се огледуваат и се во контраст една со друга. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба” имаат слични грижи, радости и соништа.

Интересно е што филмот има машка и женска верзија. Манчевски за тоа вели: „Не се разликуваат многу, ама едната е подинамична, а другата подлабока. И двете се подеднакво интересни - на различен начин. Женската верзија ќе се прикажува во Синеплекс, а машката во Милениум.“

Од синоќа филмот е на редовен репертоар во скопските кина Синеплекс и Милениум, а филмот се прикажува и во Битола, Штип, Охрид, Кичево, Струга. Од 4 ноември почнува да се прикажува во Прилеп и Свети Николе, во Гевгелија од 9 ноември, Кочани и Македонска Каменица од 14 ноември, а во преговори се прикажувања на филмот и во останатите градови од земјава.

Трејлер за „Врба“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.