Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Лејди Гага објави фотографија на која е без шминка

ФОТО: Лејди Гага објави фотографија на која е без шминка

Кога ќе се спомене името Лејди Гага, веднаш нè асоцира на луди костими и ексцентрична шминка, која понекогаш толку го менува нејзиниот лик што ни е тешко да ја препознаеме.

Затоа, особено е чудно да ја видиме Гага без шминка. 25-годишната пејачка ги поздрави своите следбеници на Twitter со фотографија на којашто нема шминка.

Лејди Гага

„Имајте убав ден“ – им порача таа на повеќе од 21 милион свои следбеници.

Со свежо чисто лице и цвет во косата, Лејди Гага покажа нешто сосема поразлично од она што сме навикнати да го гледаме од неа.

Неодамна Лејди Гага учествуваше во шоуто на Опра, каде што изјави дека во блиска иднина не планира да се појавува во медиумите и да дава интервјуа. За потребите на шоуто, Опра гостуваше во домот на Лејди Гага.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.