Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Леонардо Дикаприо организираше хуманитарна гала-вечер во Сен Тропе

ФОТО: Леонардо Дикаприо организираше хуманитарна гала-вечер во Сен Тропе

Леонардо Дикаприо донира голем дел од своето богатство за заштита на природата, а сега тој направи уште еден чекор понапред со хуманитарните активности, организирајќи ја својата прва хуманитарна гала-вечер.

Мала армија холивудски ѕвезди ја поддржаа иницијативата на Леонардо. На настанот присуствуваа Боно, Џаред Лето, Селена Гомез, Тони Гарн, Џоан Колинс, Кара Делавињ, Марион Котијар и Робин Тик.

Вкупно 25 милиони долари беа собрани преку аукција. Боно ја „донираше“ својата гитара, а Дикаприо мотор Harley-Davidson со потпис од него, од Мартин Скорсезе и Роберт Де Ниро. Бизнисменот Лен Блаватник пак купи скулптура на Демијан Хирст за 6 милиони долари.

Хуманитарна гала-вечер на Леонардо ДикаприоЛеонардо Дикаприо Хуманитарна гала-вечер на Леонардо ДикаприоЛеонардо и Боно Хуманитарна гала-вечер на Леонардо Дикаприо Хуманитарна гала-вечер на Леонардо Дикаприо

„Нашите шуми, кои го чистат нашиот воздух и ја чистат нашата вода и кои се наша најдобра природна заштита од климатските промени, се сечат целосно со алармантно темпо. Во нашите океани досега имаме изгубено 25% од коралните гребени и 90% од големите риби, меѓу кои и ајкулите. Крајно време е да се свестиме дека нашиот опстанок зависи од заштитувањето на екосистемите кои го одржуваат животот“ – рекол Леонардо.

Тони Гарн, девојката на Дикаприо, блескаше во романтичен зелен фустан од Ели Сааб.

Хуманитарна гала-вечер на Леонардо ДикаприоТони Гарн Хуманитарна гала-вечер на Леонардо Дикаприо

Селена Гомез и Кара Делавињ пристигнаа заедно на свеченоста. Гомез прво се појави во долг фустан со висок шлиц, а потоа се пресоблече во црна креација со тул од модната куќа Диор.

Хуманитарна гала-вечер на Леонардо ДикаприоКара и Селена со Ели Мизрахи Хуманитарна гала-вечер на Леонардо ДикаприоСелена Гомез Хуманитарна гала-вечер на Леонардо ДикаприоКара Делавињ Хуманитарна гала-вечер на Леонардо ДикаприоКара и Џоан Колинс Хуманитарна гала-вечер на Леонардо ДикаприоЏоан Колинс Хуманитарна гала-вечер на Леонардо ДикаприоЏаред Лето, Кара и Селена Хуманитарна гала-вечер на Леонардо ДикаприоМарион Котијар и Леонардо

Манекенката Наташа Поли привлекуваше погледи со син фустан од Ролан Муре, а нејзината колешка Петра Немцова носеше црн фустан од Емилио Пучи.

Хуманитарна гала-вечер на Леонардо ДикаприоНаташа Поли Хуманитарна гала-вечер на Леонардо ДикаприоПетра Немцова

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.