Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Лара Стоун во креации од новата колекција на Том Форд

ФОТО: Лара Стоун во креации од новата колекција на Том Форд

Дел од новата женска колекција на Том Форд се најде на страниците на јануарското издание на списанието W, а Лара Стоун е моделот кој ги претстави креациите.

Лара Стоун

49-годишниот дизајнер привлече многу внимание откако реши да им забрани на новинарите да присуствуваат на ревијата за претставување на неговата нова колекција, на која како модели се појавија Џулиен Мур и Бијонсе. Двете ѕвезди Том ги вбројува во 32-те славни жени кои тој ги нарекува „најинспиративните жени на светот“.

Лара Стоун

Во интервју за списанието Harper's Bazaar, Том Форд го објаснил својот избор на гости за шоуто. „Жените во моето шоу не го менуваат својот изглед секој ден. Тие имаат осознаено кои се. Осознајте кои сте, дознајте што сакате, осознајте во што изгледате добро“ – советува американскиот дизајнер.

Лара Стоун Лара Стоун

Цените на неговите креации се многу повисоки од она што повеќето жени можат да си го дозволат. Модните зависнички се надеваат дека ќе се оствари соработката на Том Форд со H&M за да успеат да дојдат до некое негово парче облека.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11415 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.