Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Криси Тиген го гали трудничкото стомаче во фотосесија за „InStyle“

ФОТО: Криси Тиген го гали трудничкото стомаче во фотосесија за „InStyle“

Бремената Криси Тиген со широка насмевка позираше за австралиското издание на „InStyle“. На корицата, 30-годишниот модел носи долг фустан со висок шлиц и гордо го гали своето трудничко стомаче.

Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген

Пред три месеци, Тиген и нејзиниот сопруг Џон Леџенд објавија дека го очекуваат своето прво дете. Кратко време пред објавувањето на бременоста, Криси сподели дека подолг период се обидувале да имаат дете и дека многу нивни блиски знаеле за нивните проблеми. Таа упати барање до сите оние кои љубопитно прашуваат „Кога дете?“ да се воздржат од такви прашања, бидејќи им предизвикуваат болка на оние парови кои се соочуваат со неплодност.

По 4-годишна врска, Џон и Криси се верија во декември 2011 година, а стапија во брак во септември 2013 година.

Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11213 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.