Кралицата Ранија е безгрешна кога е во прашање стилот на облекување. 46-годишната кралица на Јордан блескаше од гордост на дипломирањето на нејзиниот син на кралската воена академија „Сендхурст“.
Модерната сопруга на јорданскиот крал Абдула II мамеше погледи во впечатливо палто во жешка црвено-портокалова нијанса и ускладени салонки. Малата црна чантичка го носи потписот на Луј Витон.



Ранија сподели и фотографија на која позира со сопругот и четирите деца.

